Поранешниот шкотски фудбалски репрезентативец, Греам Александер, доби нов тренерски ангажман.
Имено, Шкотланѓанецот се враќа во својата татковина, каде што ќе го предводи прволигашот Мадервел.
Мадервел се наоѓа во резултатска криза што резултираше со отказот на тренерот, Стивен Робинсон, на 31 декември 2020.
Слична ситуација го снајде и Александер, кој на 12 октомври беше отпуштен од Салфорд ФК – клубот со кој направи историја.
Имено, Салфорд ФК е во сопственост на поранешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед, Ники Бат, Рајан Гигс, Гери и Фил Невил, Пол Сколс и Дејвид Бекам, а сè до нивното доаѓање, клубот ,,уживаше” аматерска репутација.
Александер успеа да ги доведе популарните ,,Емис” до плејофот на петтата лига уште во првата сезона како менаџер на тимот. Во доигрувањето, беше поуспешен од Истли и од Фајлд и се пласира во англискиот професионален фудбал за првпат во историјата.
Првата сезона во Лиг 2 им донесе на навивачите многу радосни моменти, имајќи во предвид дека Александер го предводеше својот тим до финалето на ЕФЛ Трофи и до солидното единаесетто место на табелата.
Освен Салфорд, во тренерската кариера, Александер самостојно ги предводеше уште Флитвуд Таун (2012-2015) и Сканторп Јунајтед (2016-2018).
📸 Image: PA



