Денес беше одигран само еден меч од италијанската одбојкарска Серија А, кој всушност требаше да се одигра во деветтото коло. Во него се соочија екипите на Монца и на Равена.
Монца, како еден од претендентите за висок пласман, ја оправда фаворитската улога и ја запиша седмата победа во низа.
Имено, домаќините славеа со вкупни 3-1, или по сетови: 25-20, 25-16, 22-25 и 25-22.
Најефикасен на целата средба беше Канаѓанецот Ерик Лепки (Равена) со 21 поен, но со 48% на ефикасност во нападот.
Во домашниот состав, Чехот Донован Ѕаворонок (20) постигна најмногу поени со 62% успешен напад и два успешни блокови. Освен него, двоцифрен беше и Филипо Ланца со 12 поентирања.
Со оваа победа, Монца дојде до петтото место, со натпревар помалку во однос на најблиските конкуренти, додека Равена остана на десеттата позиција, оставајќи ги зад себе само Падова и Чистерна.
📸 Lega Volley