По вторпат во последните три дена, ЛА Лејкерс успеаја да ги поразат Мемфис Гризлис на гостински терен, најпрво со 94-108, а синоќа со 92-94.
Мечот беше изедначен сè до четвртата четвртина, кога Лејкерс го презедоа водството и го задржаа до самиот крај.
Најзаслужни за триумфот на актуелните шампиони, со дабл-дабл учинок, беа Ентони Дејвис (26 поени и 10 скокови) и ЛеБрон Џејмс (26 поени и 11 скокови).
Кај Мемфис, единствен со две двоцифрени статистики беше Јонас Валанчиунас со 13 поени и 11 скокови.
Синоќешниот триумф им го донесе на Лејкерс (6-2) водството на Западот, додека Мемфис (2-5) го држи дното заедно со Минесота Тимбервулвс.
📸 AP Photo/Ashley Landis, Pool



