Двете најпознати хокеарски велесили, Канада и САД, се соочија во финалето на овогодишното У20 Светско првенство во хокеј на мраз.
На патот до него, Американците во плејофот беа подобри од Словачка (5-2) и од Финска (4-3), додека Канада ги елиминира Чешка (3-0) и Русија (5-0).
Сепак, во финалето, претставниците на втората најголема држава по површина во светот успеаја да загубат со 0-2 на домашен терен во Едмонтон. За нив, ова беа првите примени голови во нокаут-фазата на СП У20 во 2021 година.
Головите за американскиот состав ги постигнаа Алекс Таркот во првата, односно Тревор Зеграс во втората третина.
За САД, ова е прва титула после 2017, кога во финалето повторно ги совладаа Канаѓаните после пенали (4-5).
Во битката за бронзата, Финска беше подобра од Русија со 4-1.
📸 USA Hockey