Месут Озил бил во преговори со американскиот МЛС клуб ДЦ Јунајтед и би можел да го оствари трансферот во јануарскиот преоден рок. Одредени англиски медиуми тврдат дека Озил добил примамлива понуда со која би можел да го популаризира својот бренд „М10“ во САД и воедно да биде заштитно лице на клубот од Вашингтон.
Со преселбата во МЛС лигата, за Озил ќе заврши кошмарот кој го живее во Арсенал и по подолго време повторно ќе може да ужива играјќи фудбал. Поранешниот германски репрезентативец така ќе заигра за клубот чиј член претходно беше Вејн Руни, кој сега е тренер-играч на Дерби Каунти.