Металург Магнитогорск и Спартак Москва се соочија во вториот денешен дуел во КХЛ. Накрај, по одличен меч, Металург успеа да го задржи стопроцентниот учинок на домашен терен против Спартак, славејќи со 4-3, после огромен пресврт.
Во првата третина, Робин Ханзл му донесе почетно водство на Спартак, искористувајќи ја предноста од играч повеќе на ледената плоча.
Во вториот дел, Емил Џусе, со четвртиот овосезонски гол, го удвои водството на Спартак, а до крајот на првите четириесет минути игра, Андреј Нестрашил намали на 1-2.
На почетокот на третиот период, Ханзл го постигна својот втор гол на мечот и седми во сезоната за ново двојно водство на Спартак од 1-3.
Тоа резултираше со промена на голманската позиција, односно наместо Јуси Олкинуора влезе Василиј Кошечкин. Во продолжение, Металург израмни на 3-3 после само четири и пол минути игра, а стрелци беа Николај Кулемин и Сергеј Плотников.
Накрај, во последните триесњт секунди, Николај Прохоркин го комплетираше пресвртот на Металург, кој славеше со 4-3. Последниот погодок дефинитивно ќе му отиде на ,,душа” на Јулиус Худачек, голманот на Спартак, кој направи неспретна интервенција.
Со новиот триумф, Металург изби на третата позиција на Истокот, додека Спартак е осми на Западот.
📸 HC Spartak



