Научен труд на Прим. Др. Оливер Бојчески со Проф.Др. Хинор Кица и коавтори
Забелешка: Ова е меѓу првите научни трудови од областа на спортската медицина и спортот работан во нашата држава. Комплетниот труд ќе биде објавен на научната конференција во Охрид при Институтот за социокултурна антропологија, а е во врска со пандемијата на КОВИД 19. Во ова прилика ви го пренесуваме само абстрактот на трудот и важните заклучоци и препораки за враќање кон спорт после прележување на болеста.
ЕВАЛУАЦИЈА НА ЗДРАВЈЕТО КАЈ СПОРТИСТИТЕ ПОСЛЕ ПРЕЛЕЖУВАЊЕ НА БОЛЕСТА КОВИД 19
(1)Оливер Бојчески, (2) Хинор Кица, (3)Марина Бојческа, (4)Хелидон Кица
- ЈЗУ ,, Здравствен Дом,, Струга
- Универзитет во Тетово, Факултет за физичка култура
- СОУ,, Нико Нестор,, Струга
- Универзитет во Тетово, Факултет за физичка култура
Абстракт
Поради фактот дека голем број на спортисти досега е биден позитивен на Ковид-19. Истражувањето во овој труд е направено се цел да се утврди влијанието на оваа болест кај спортистите кои ја поминале болеста (Ковид-19) и дали постојат последици врз нивното здравје конкретно врз срцевата функција.
Беа истражувани спортисти од 15 (петнаесет) сениорски екипи во Струга и Охрид од разни спортови со вкупен број на заболени спортисти (61). Врз основа на клиничката симптоматологија, спортистите кои ги испитувавме беа групирани во две групи:
1) спортисти со асимптоматска клиничка слика – вкупен број 25
2) спортисти со благи симптоми – вкупен број 36
Врз спортистите кои прележале Ковид – 19, беше направено кардиолошка евалуација (ЕКГ, аускултација, мерење на крвен притисок). Бидејќи истражувањето беше направено во месец Декември 2020 год. спортистите кои беа цел на евалуирање се наоѓаа во раличен период или фаза на опоравување после прележување на болеста (од 1 месец до 4 месеци).
Врз основа на добиените резултати може да се констатира дека болеста кај испитаниците не оставила траги врз нивното здравје врз основа на горонаведените методи на евалуација. Да напоменеме дека сите спортисти веднаш по добивањето на резултатите за ковид позитивни и завршување на болеста беа предупредени дека е потребно мирување и рехабилитација која треба да изнесува минимум 14 дена.
ПРЕПОРАКИ
Врз основа на нашиот научен труд и сознанијата од други светски трудови можеме да ги дадеме следните клинички препораки:
- Враќањето кон спортски активности мора да се одреди индивидуално за секој спортист во однос на клиничкиот тек на КОВИД 19.
- Спортистите кои ги групиравме во две групи на: спортисти со асимптоматска клиничка слика и спортисти со блага симптоматологија, можат да се вратат кон спорт после обавезни 2 недели на одмор од моментот на добивање негативен тест на КОВИД 19.
- Во светски размери докажано е дека вирусот може да предизвика оштетување на срцето и крвните садови кај спортистите. Поради тоа, ние го направивме овој труд со цел да се види дали кај некој од спортистите има некое можно оштетување. За среќа на сите нас при опсежното испитување, вакви последици не најдовме (ЕКГ евалуација). Но сепак како превенција секогаш после прележување на болеста е да се направи ЕКГ евалуација и да се спроведе строг режим на мирување од минимум 2 недели.
- После обавезниот одмор следи фаза на постепено враќање кон спортски активности. Времетраењето на постепеното враќање може да трае околу 2-3 недели поделено во 4 етапи, при што се важни параметрите на срцевата фрекфенција, интензитет на оптеретување, вид на спорт, одмор, спење, правилна исхрана и психолошкиот момент за спремност кон враќање на спортскиот терен.

- Прва(1) етапа: ниво на фрекфенција 60-70% HRmax. (100-130 udari na srce), класичен аеробен интензитет на оптеретување, практикување на брзо одење, пливање, возење на велосипед, лесно трчање. Времетраење околу 4-5 дена.
- Втора(2) етапа: ниво на фрекфенција 70-80% HRmax. (120-150 udari na srce), аеробен интензитет на оптеретување во комбинација со аеробно-анаеробен тип, практикување на пливање, возење на велосипед со поголем интензитет, трчање на средни дистанци, практикување на индивидуален вид на спорт со лесен и лесно среден интензитет. Времетраење околу 7-8 дена.
- Трета(3) етапа: ниво на фрекфенција над 80% HRmax. (150-180 udari na srce), комбинација со аеробно-анаеробен тип и висок аеробен и анаеробен тип, практикување на индивидуален вид на спорт со среден и средно висок интензитет. Времетраење околу 6-7 дена.
- Четврта(4) етапа: нормални спортски активности но со посебно внимание врз време на опоравување и одмор, доволен сон и правилна исхрана.