Читадела, на домашниот стадион ,,Пјер Чезаре Томболато” ја пречека екипата на Лече во рамките на 16. коло од Серија Б.
Двата ривали се во борба за промоција, при што, денешниот дуел важеше за едно од неколкуте дербија планирани за крајот на 2020.
Петтиот меѓусебен дуел на Читадела и на Лече во 21. век заврши со резултат од 2-2.
Домаќините од областа Венето поведоа со 1-0 преку Роберто Огунсеје (8′), а до крајот на полувремето, Лече направи целосен пресврт благодарение на најдобриот стрелец во Серија Б – Масимо Кода (18′, 45′).
Во вториот дел, Читадела успеа само да израмни преку џокерот од клупата, Камило Тавернели (64′), иако можеше да дојде до сите три поени, доколку фудбалерите реализираа некоја од солидните шанси.
Македонскиот интернационалец од редовите на Лече, Леонард Жута, беше стартер и одигра 83 минути, пред да биде заменет со Кастриот Дермаку.
Со овој триумф и со натпревари помалку, Читадела е четврта екипа на табелата, а Лече ја зазема седмата позиција.



