По решавањето на тренерската позиција, на ред во ФК Академија Пандев дојдоа играчките засилувања за пролетниот дел од сезоната. Први новитети во тимот се централниот дефанзивец Коста Манев, потоа голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски.
Тројца играчи кои ќе го донесат потребното искуство на младиот струмички прволигаш. До почетокот на припремите екипата ќе се докомплетира со уште неколку засилувања. Играчи кои досега го напуштија тимот се Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.
Фото: ФК Академија Пандев



