Марио Манџукиќ, сепак, нема да се врати во хрватскиот фудбал на 34-годишна возраст откако ја одби понудата на Осиек да потпише двегодишен договор со годишна плата од 1,5 милиони евра. Последен клуб на Манџукиќ беше катарскиот клуб Ал-Духаил, со кого ја прекина соработката на 5 јули годинава.
Манџукиќ играше во ХНЛ на почетокот на кариерата, за Загреб две сезони и за Динамо четири во финишот на минатата декада, а сега беше најавен негов кам-бек во хрватското првенство како засилување за амбициозниот проект на Осиек. Но популарниот ,,Манџа” мисли дека сеуште му е рано за враќање во Хрватска и дека може уште да допринесе во елитниот европски фудбал.



