Легендата на францускиот фудбал, Лилиан Турам, призна дека бил шокиран од постапката на неговиот син Маркус, кој на мечот на Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм плукна противнички играч и доби црвен картон.
Турам доби забрана за настап во следните пет меча на Менхенгладбах во првенството и во Купот на Германија, а ако направи некој прекршок до 21 декември 2021 година, ќе добие суспензија и од шести натпревар. Покрај тоа, од клубот е казнет со 40.000 евра.
„Кога го видов, останав во шок, се прашував дали тој е навистина мој син. Ми рекоа дека не било намерно, туку дека плукнал во лутина и плунката случајно завршила во лицето на противникот и тој самиот ми рече дека не било намерно” – изјави Лилиан Турам за својот син.