Новата НБА сезона започна синоќа, а еден од двата воведни натпревари го одиграа градските ривали од Лос Анџелес – Лејкерс и Клиперс.
Лејкерс се актуелни шампиони во ова натпреварување, додека Клиперс важат за едни од најголемите претенденти за титулата.
Токму синоќа ја оправдаа новата улога, триумфирајќи со 109-116 над шампионскиот состав.
Клиперс водеа во текот на цел натпревар, па дури и со +22 на влезот на втората четвртина на патот до првиот триумф.
Најефикасни кошаркари на теренот и двајцата од редовите на победничкиот состав, беа Пол Џорџ (33) и Кавај Ленард (26).
Од Лејкерс, ЛеБрон Џејмс беше најпрецизен со 22 поени, а единствени со дабл-дабл учинок беа Монтрезл Харел (17 поени и 10 скокови) и Денис Шродер (14 поени и 12 скокови).



