Рекордни 13 милијарди евра (1.644 милијарди јени) ќе чини организацијата на летните Олимписки игри (ОИ) 2021 во Токио, што беа одложени за една година поради пандемијата на новиот коронавирус.
Организаторите во детали го образложија финансискиот план за организацијата на Олимпијадата, потенцирајќи дека новиот буџет е за 2.3 милијарди евра поголем од првично проектираниот.
Организаторите на ОИ идното лето во Токио редуцираа дел од трошоците, предвидувајќи помалку грандиозна Олимпијада од првично планираната, преку намалување на бројот на бесплатни влезници и официјални лица, укинување одредени церемонии, како и заштеда на маскоти и огномети.



