Увертирата на 14. коло од италијанската Серија Б ја одиграа Салернитана и Ентела.
Салернитана влезе како огромен фаворит во овој меч, најпрво поради домашниот терен, а исто така и поради позициите на табелата.
На крајот, домаќините ја оправдаа фаворитската улога со триумфот од 2-1 и го презедоа водството барем на еден ден. Од друга страна, Ентела остана на последното место.
Впрочем, на паузата, гостите од Лигурија беа на прагот на сензација, откако водеа со 0-1 благодарение на Матео Манкозу (38′).
Сепак, во вториот дел, Салернитана ја презеде иницијативата и го комплетираше пресвртот преку Џенаро Тутино (47′) и преку резервистот Милан Ѓуриќ (66′ од пенал).



