Тодор Јанкуловски десното крило на РК Струга каде ги има направено и првите чекори во ракометот на 11 годишна возраст, е еден од ретките кој може да се пофали дека е дел од најголемите успеси на клубот, како што е пласманот во Суперлигата пред две години и пласманот во плејофот оваа година. Покрај него во овие два успеси учествуваа и тренерот Танески кој го водеше клубот и тогаш, голманот Кристијан Мечкароски кој сега е помошник тренер, голманот Влатко Затаракоски, бекот Христијан Крстаноски и уште неколку помлади ракометари како и дел од управата на РК Струга.
Како ракометар кој потекнува од РК Струга, горд сум што учествував во двата најголеми успеси на РК Струга последните години, пласманот на клубот во Суперлига и пласманот во плејофот оваа година. Јас сум задоволен од моите досегашни игри што ги пружам оваа сезона. Имаме прекрасна хемија во екипата и се надевам дека со добрите игри ќе продолжиме и во плеј офот. Се надевам и дека клубот во иднина уште повеќе ќе расте и ќе ја израдуваме струшката публика со квалитетен ракомет.



