Дербито на 12. коло од италијанската Серија Б го одиграа Салернитана и Лече.
Двата ривали се наоѓаат при самиот врв на табелата и најавуваат жестока битка за промоција.
Нивниот денешен меч заврши со резултат од 1-1. Во првото полувреме, Леонардо Капеци (11′), со првиот гол во дресот на Салернитана, им донесе почетно водство на домаќините.
Лече продолжи жестоко да напаѓа во текот на натпреварот и успеа да израмни на 1-1 преку Марко Манкозу од пенал во 53. минута.
Со ова реми, Салернитана го загуби првото место од Емполи и падна на второто, додека новиот поен, му дозволи на Лече да ја окупира петтата позиција.



