Во рамките на 14. коло од италијанската одбојкарска Серија А, Трентино и Лубе се соочија во круцијален меч.
Имено, за домаќините од Тренто, победата беше неопходна за останување во плејоф-зоната и за правење предност од пет поени во однос на деветтата Верона.
На овој меч, Трентино триумфираше убедливо со 3-0 или по сетови: 25-22, 25-23 и 25-22. За Лубе, ова беше втор овосезонски пораз, односно прв без освоен сет. За нив, победата ќе значеше скок на првото место, кое моментално го држи Перуџа.
Од победничкиот состав на Анџело Лоренцети, двоцифрени беа Рикардо Лукарели (12) и Нимир Абдел-Азиз (17), додека Камил Рихлицки, од редовите на Лубе, беше најефикасен со 18 поени.



