Македонскиот репрезентативец Енис Барди, почна со лесни тренинзи првпат по повредата на грбот со која се здоби во пресрет на ноемврискиот репрезентативен циклус претходно во ноември. Барди до крајот на 2020 година ќе биде вон плановите на тимот од Валенсија, додека враќање во составот може да се очекува до крајот на јануари.



