Еден од нашите ретки пејачи со милионски прегледи на платформата ,,ЈуТјуб”, Ѓоко Јовиќ, неодамна го сними уникатниот видеозапис за новата нумера посветена на Македонија.Имено, песната која доживеа освен со емотивниот текст се одликува и со спот што е досега невиден на овие простори.Станува збор за видео снимено на неколку локации во Скопје и на Скопска Црна Гора, во придружба на егзотична птица – американскиот пустински јастреб Харисон. Оваа граблива птица е единствена во Македонија од својот вид и е во потполност одгледувана и дресирана од страна на нашиот најдобар соколар – Трајче Китановски.
Името на новата песна на Ѓоко Јовиќ е „Прелетај соколе“. Ѓоко ја напиша музиката, текстот е на Александар Стевановски, а за аранжаманот се погрижи Дамир Имери.
Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во “Прелетај соколе” !
Прелетај соколе над сите планини
Појди до Македонија
Слези долу до извори
Слушни мајка што ќе прозбори
Слези долу до извори
Слушни мајка што ќе прозбори
Стара ти мајчица вода полнеше
Судба низ солзи колнеше
За синот срце ми изгоре
Низ солзи тоа го прозборе
Прелетај соколе над сите планини
Да видиш дали ме чека
Наслушни мајка што вели
За мене што ќе прозбори
Наслушни мајка што вели
За мене што ќе прозбори
Стара ти мајчица лице миеше
Солзи од лице пиеше
Ах сама на веков останав
Јас само тоа го наслушнав
Јас само тоа го наслушнав



