Во текот на изминатиот викенд беше одржан последниот турнир од Европската тура во голф за сезоната 2020.
Станува збор за 12. издание на ,,ДП Ворлд Тур Чемпионшип Дубаи”, кое заврши во рацете на Метју Фитцпатрик по вторпат во историјата, односно првпат после 2016.
Во пресрет на последниот ден, пет голфери го делеа водството со (-11), двајца имаа заостаток од само еден поен, односно вкупно десет натпреварувачи се наоѓаа во само три поени.
Накрај, Фитцпатрик со (-15) се издвои од конкуренцијата за првата титула после ,,Омега Европскиот Мастерс”, освоен на 9 септември 2018.
Како второпласиран, со (-14), се пласира Ли Вествуд, кој воедно е и првиот освојувач на турнирот во Дубаи во 2009.
Третото место го Патрик Рид и победникот на ,,Мајкоба Голф Класик”, Виктор Ховланд, со (-13).
Лори Кантер и Сами Валимаки (-12) го поделија петтото место и го заокружија пласманот на најдобрите.
Со овој турнир беше завршена оваа сезона на Европската тура. Како нејзин шампион, накрај се испостави Ли Вествуд, кој со своите 47 години, 7 месеци и 20 дена, стана најстар освојувач на ова долготрајно натпреварување. Фитцпатрик, со денешниот триумф, скокна до втората позиција, а првопласираниот до пред неколку дена, Патрик Рид, заврши како трет.



