Две екипи со по четири врзани порази, Салават Јулаев Уфа и Сибир Новосибирск, ги одмерија силите во рамките на денешната КХЛ програма.
Во последните две години, Уфа и Сибир се победуваа по наизменичен редослед, сè до денес, кога ,,Зелените” го остварија вториот врзан триумф.
Имено, Уфа успеа да ги израдува неколкуилјадните навивачи во ,,Уфа-Арена”, славејќи со резултат од 3-1. После само една минута, Александер Кадејкин им донесе водство на домаќините, а во вториот дел погодија уште Павел Коледов и Сакари Манинен.
Од друга страна, единствен играч на Сибир што ја затресе мрежата на Јуха Метсола, беше Виктор Комаров во првата третина.
Со овој триумф, Уфа ја прекина негативната серија и го задржа контактот со водечките четири екипи на Истокот, додека, со победата на Барис Нур-Султан, Сибир излезе од плејоф-зоната.



