Екипата на ЦСКА Москва, веќе седми пат во низа, докажа дека одлично ѝ ,,лежи” Локомотив Јарослављ.
Имено, хокеарите од Москва имаат седум врзани победи над западниот ривал, вклучувајќи ја и денешната од 3-2.
Домаќините поведоа во третата минута преку вториот гол во кариерата на Максим Соркин. До крајот на првата третина, Локомотив израмни на 1-1 со голот на Денис Алексејев.
Во продолжение следуваа два нови погодоци на ЦСКА во мрежата на Едвард Паскуале постигнати од Максим Мамин и од Павел Карнаухов, кои зголемија на 3-1. На пет минути до крајот, Локомотив успеа само да го преполови својот заостаток, благодарение на Павел Красковски.
Третата победа во низа им овозможи на претставниците на главниот град на Русија да останат на врвот на Западната конференција, додека Локомотив ја зазема третата позиција и покрај денешниот пораз.



