Вториот овосезонски велеслалом, кој е во склоп на четвртиот одржан натпреварувачки викенд од Светскиот куп во женска конкуренција, се одвиваше во францускиот ски-центар Куршевел.
Со стартен број еден, во првата серија, лидерката во генералниот пласман, Петра Влхова (1:08,82), ја ,,уништи” конкуренцијата, задавајќи им заостаток поголем од една секунда на сите останати скијачки, освен на првите пет: Марта Басино (+0,49), Микаела Шифрин (+0,65), Сара Хектор (+0,74) и Штефани Брунер (+0,98).
Влхова направи неколку ситни грешки во втората серија и накрај заврши на третото место (+0,59). Сепак, Светскиот куп не доби нова победничка, бидејќи вториот велеслалом го доби Басино, која исто така славеше на отварањето на сезоната во Зелден. Единствените две скијачки со победи во тековната сезона беа раздвоени од Хектор (+0,46), којашто ја отскија втората најдобра втора серија.
Останатите скијачки имаа заостаток над една секунда, а во првите десет се пласираа: Микаела Шифрин (+1,70), Федерика Брињоне (+1,93), Катарина Линсбергер (+2,00), Штефани Брунер (+2,26), Мишел Жизен (+3,09), Лара Гут-Бехрами (+3,39) и Рикарда Хаасер (+3,45).



