Првиот денешен дуел од програмата на КХЛ го одиграа екипите на Амур Хабаровск и на Локомотив Јарослављ.
Како победник од истиот излезе гостинскиот тим од Јарослављ, кој вторпат во низа победи со 3-4, по победата над Сибир пред два дена.
Локомотив поведе со 0-3 уште на стартот на втората третина, а стрелци беа Павел Красковски, Павел Кудрјавцев и Јегор Коршков. Во продолжение следуваше периодот на домашните хокеари, кои успеаја да израмнат на 3-3 на две и пол минути пред крајот. Трите погодоци за Амур беа дела на Никита Камалов, на Сергеј Терешченко и на Хинек Зохорна.
Сепак, во последната минута, искусниот Владимир Ткачјов успеа по четврти пат да го совлада Јевгени Аликин за конечен триумф на Локомотив.
И покрај поразот, претставниците на Хабаровск останаа на десеттото место на Истокот, полека губејќи го приклучокот за влез во доигрувањето. Од друга страна, Локомотив е третопласиран тим на Западот, позади ЦСКА Москва и СКА Ст. Петербург.



