Новата сезона во НБА започнува на 22. декември и еден од претендентите за висок пласман е тимот на Далас Маверикс. Балканците Лука Дончиќ од Словенија и центарот од Србија, Бобан Марјановиќ освен што се играчи кои се лидери во тимот тие исто така се задолжени за убавата атмосфера во клубот.
Подготовките течат беспрекорно квалитетно и Дончиќ објави видео на социјалните мрежи кое ги насмеа фановите до солзи. Имено тој го снимаше Марјановиќ додека играше тенис, а ова видео ќе ве насмее до солзи.



