Австралија и Индија одиграа две интернационални крикет серии, едната во еднодневниот, а другата во Т20 формат, кои се одвиваа во ,,огледало ефект”.
Во еднодневната серија, Австралија победи со вкупни 2-1, добивајќи ги првите две, а губејќи ја третата средба. Истиот тек на настаните го пружи и Т20 серијата, но овој пат во корист на Индија.
По двете почетни победи на азиските претставници, денес Австралија ја одбрани својата чест пред домашната публика, славејќи со 186/5 (20) – 174/7 (20).
Од домашните удирачи, Метју Вејд беше несомнено најефикасен со 80 поени, а Глен Максвел додаде уште 54.
Од противничките фрлачи, Вашингтон Сундар беше единствен со два викети и вкупен фрлачки учинок од 2-34.
Во вториот ининг доминираше само Вират Коли (85), кој за петнаесет поени ја испушти првата интернационална Т20 ,,стотка”. Од домашните фрлачи, Митчел Свепсон освои три викети со одлична економија од 3-23.



