Дивизискиот дуел помеѓу Питсбург Стилерс и Балтимор Рејвенс беше планиран да се одигра на Денот на благодарноста, но истиот беше одложен трипати, пред конечно да го затвори дванаесеттото коло.
Причина за одликувањата беа позитивните тестови на КОВИД-19 на повеќе играчи на Рејвенс, помеѓу кои и квотербекот Ламар Џексон.
Синоќешниот меч, како стартен квотербек за Балтимор го започна Роберт Грифин, кој беше втор пик ба драфтот во 2012, селектиран од Вашингтон Редскинс.
Сепак и тој беше заменет со неговиот колега, Трејс МекСорли, кој постигна неверојатен тачдаун во последната четвртина со пасот кон Маркис Браун. Освен Браун, уште еден тачдаун за Рејвенс постигна и Гас Едвардс во првата четвртина.
Од друга страна, Стилерс постигнаа по два тачдауни и по два филд-голови за конечна победа од 19-14. Шутевите беа дело на Крис Босвел, додека полагањата ги постигнаа Џоу Хејден (пик-6) и Џу Џу Смит-Шустер.
Екипата на Питсбург (11-0) сè уште останува единствената непоразена во тековната сезона, додека Рејвенс (6-5) загубија четири од последните пет натпревари и го заземаат осмото место во АФК.
Во соработка со НФЛ Македонија



