Екипата на Амур Хабаровск успеа да фати приклучок за влез во плејоф-зоната и покрај очајниот старт на сезоната.
Денес, ,,Тигрите” на домашен терен го декласираа Спартак Москва со 6-2 за заземање на десеттото место, со три поени заостаток во однос на Сибир, кој е осми.
Домашниот состав денес имаше шест различни стрелци, кои постепено играа подобро од третина во третина. Во првата погоди само Александер Полунин, во втората – Михал Јордан и Вјачеслав Ушенин, а во третата – Дмитри Архипов, Хинек Зохорна и Владимир Бутузов.
Од друга страна, Спартак двапати ја затресе противничката мрежа преку Анатоли Никонцев, кој погоди за 1-1 и за 4-2.



