Екипата на Бартон Албион беше ,,залепена” за дното на Лиг 1, откако освои само седум поени во воведните тринаесет кола. Сепак ,,Пиварите” предводени од поранешниот фудбалер на Дерби Каунти, Џејк Бакстон, успеаја останат непоразени на двете последни тешки средби. Најпрво, триумфираа над Чарлтон со 4-2, а денес ремизираа на гостински терен кај Сандерленд со 1-1.
Во 60. минута, Чарлс Вернам му донесе водство на Бартон, но на пет минути пред крајот, Макс Пауер го постави конечниот резултат.
Со овој меч, Сандерленд ја продолжува лошата серија од две нерешени средби, на коишто им претходеа трите врзани порази.
И покрај новиот поен, Албион останува во ,,црвената” зона, додека ,,Црните мачки” се на само бод од позициите што носат плејоф.



