Интернационалната серија во Т20 крикет помеѓу Јужна Африка и Англија заврши со конечни 3-0 во корист на европските претставници.
На првите две средби, Англичаните славеа со 179/6 (20) – 183/5 (19.2) и со 146/6 (20) – 147/6 (19.5), а денес резултатот гласеше 191/3 (20) – 192/1 (17.4).
Удирачите беа порасположени од фрлачите и на двете страни. Во домашниот состав, Фаф ду Плесис (52) и Раси ван дер Дусен (74) беа најефикасни играчи во првиот ининг. Од британските крикетари, Бен Стоукс освои два викети.
Во вториот ининг, единствен англиски крикетар што доживеа викет од Анрич Нортје беше Џејсон Рој, кој претходно освои 16 поени. Освен него, неверојатни перформанси имаа Џос Батлер (67) и Давид Малан (99).
За само три дена, овие репрезентации ќе започнат нова интернационална серија од три натпревари, но овој пат во еднодневниот формат.



