Минатиот викенд во Лас Вегас се одржа УФЦ, а настанот го отворија Норма Дамонт Виана и Ешли Еванс-Смит, пред се затоа што беше откажана борбата помеѓу Куртис Блејдесо и Дерик Луис поради позитивен корона-тест.
Убедлива победа запиша Бразилката Виана со едногласна судиска одлука, но еден детал особено го одбележа овој не претерано атрактивен дуел.
Имено, на бразилската борачка при еден зафат над противничката и излезе градата, а потоа судијата Џејсон Херцог за момент ја стопираше борбата и воедно и ја врати градата во градникот.



