Најстарото дерби во НФЛ го сочинуваат екипите на Грин Беј Пекерс и на Чикаго Берс.
Имено, нивниот синоќешен дуел беше вкупно 201. во историјата и помина во корист на Грин Беј, кој триумфираше со 41-25. За Пекерс, ова беше втор највисок број на постигнати поени против лутиот ривал во Супер Боул ерата, пред којшто се наоѓа само средбата од 11 септември 2014 година (55-14).
Одбраната на домашниот состав беше незапирлива, дозволувајќи само десет поени во првите три четвртини. Следствено на тоа, Дарнел Севиџ двапати пресече додавања на Митч Трубиски, а Престон Смит претвори еден фамбл во тачдаун за Пекерс.
Освен Смит, тачдауни за Грин Беј постигнаа уште: Даванте Адамс, Мерседес Луис, Ален Лазард, Роберт Тонјан и Џамаал Вилијамс.
Од друга страна, полагања за Берс забележаа Ален Робинсон (х2) и Дејвид Монтгомери, проследени со филд-голот на Каиро Сантос од првата четвртина.
Со овој триумф, Пекерс сè поизвесно целат кон плејофот и кон првата позиција во НФК Север, имајќи учинок од 8-3, додека Чикаго Берс и Минесота Викингс имаат 5-6.



