На денешната Формула 1 трка за големата награда на Бахреин, во првиот круг, францускиот пилот на ,,Хаас”, Ромен Грожан, го искуси најстрашниот инцидент.
Искусниот возач, по контакт со Даниил Квјат, удри во заштитната ограда. Од самиот удар експлодира неговиот болид, по што трката беше веднаш прекината.
Грожан, за чудо, успеа да излезе од пламенот, притоа добивајќи само лесни изгореници на дланките и на глуждовите пто беше потврдено на официјалниот Твитер профил на ,,Хаас”.



