Вториот меч од интернационалната серија во еднодневен крикет помеѓу Австралија и Индија беше одигран денес.
Откако ,,Жолтите” го добија првиот натпревар, стекнаа дополнителен мотив и поведоа со 2-0 во серијата.
Имено, денес Австралијците триумфираа со 389/4 (50) – 338/9 (50).
Од австралиските удирачи, Стив Смит (104) и Дејвид Варнер (83) беа најефикасни, а партнерството на прв викет на Варнер и на Арон Финч им донесе дури 142 поени на домаќините.
Најдобри фрлачки перформанси од Индијците имаше Хардик Пандја со 1-24.
Во вториот ининг, Вират Коли (89) и Локеш Рахул (76) и’ донесоа најмногу поени на индиската репрезентација, а од противничките фрлачи, Пет Каминс беше најдобар со три викети, односно со вкупен фрлачки учинок од 3-67. Овој меч и покрај лошиот исход, ќе остане во меморијата на Коли, кој стигна до бројка од 22 000 интернационални поени.
Наредниот меѓусебен меч, двете селекции ќе го одиграат на 2 декември со почеток од 04.40 часот.



