Флитвуд и Сандерленд денес го одиграа својот заостанат дуел од четиринаесеттото коло од англиската Лиг 1.
Двете екипи имаат иста цел – пласман во Чемпионшип – и моментално се борат за позициите во плејоф-зоната.
Во пресрет на денешниот дуел, Сандерленд немаше победа на последните четири средби, додека Флитвуд поседуваше серија од три триумфи.
Сепак, истата беше прекината со денешното реми од 1-1.
,,Црните мачки” поведоа во 59. минута, со петтиот овосезонски погодок на Чарли Вајк, кој го израмни својот најдобар голгетерски учинок во црвено-белиот дрес.
Конечниот резултат беше поставен петнаесет минути подоцна, кога за составот предводен од Џои Бартон, погоди Калум Коноли.
Со новиот бод, Сандерленд ,,скокна” на седмата, а Флитвуд остана на седмата позиција.



