Серијата од три Т20 и од три еднодневни крикет натпревари помеѓу машките селекции на Јужна Африка и на Англија беше отворена денес Кејптаун.
Имено, Англичаните на мечот од дваесет оувери успеаја да триумфираат по третпат во низа над африканските ривали и тоа со резултат од 179/6 (20) – 183/5 (19.2).
Од јужноафриканските удирачи, Фаф ду Плесис беше најефикасен со 58 поени, додека, во наредниот ининг, по два викети освоија Лунги Нгиди и Џорџ Линд.
Што се однесува до европските крикетари, со учинок од 3-28, најдобар фрлач беше Сем Куран, а најистакнат удирач беше Џони Беирстоу со 86 поени.



