Втората трка од новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање беше одржана денес во Цирс, Австрија.
Истата, воедно беше и единствената овосезонска трка во дисциплината паралелен слалом.
Накрај, како победник на трката, а воедно и на дисциплината беше Алексис Пантуро, кој во финалето го порази Хенрик Кристоферсен и стигна до јубилејната триесетта победа во Светскиот куп.
На патот до најважниот дуел, Французинот ги елиминира Доминик Рашнер, Семиел Бисих и Александер Шмид, додека Кристоферсен беше подобар од Филип Зубчиќ, од Штефан Луитц и од Адријан Пертл.
Во малото финале, Шмид успеа да го порази Пертл за да го комплетира подиумот.
Освен гореспоменатите четири скијачи, првите десет позиции ги зазедоа уште: Бисих, Кавиецел, Луитц, Хиршбил, Рашнер и Зубчиќ.



