Еден од најдобрите српски кошаркари на денешницата, Богдан Богдановиќ, ја заврши својата авантура со Сакраменто Кингс.
Сепак, Србинот останува во НБА лигата, преминувајќи во редовите на Атланта Хокс.
Богдановиќ, минатата сезона во дресот на Кингс бележеше во просек по 15,1 поени и по 3,4 асистенции и скокови, а исто така погоди и 164 тројки што го искачи на 24. место во лигата во овој сегмент.
Претходно, српскиот интернационалец ја започна сениорската кариера во Партизан, пред да премине во Фенербахче и во Сакраменто.
Истиот кошаркар беше избран и како 27. пик од првата рунда на драфтот во 2014 од страна на Феникс Санс, но подоцна беше префрлен во Сакраменто.
Во Атланта, Богдановиќ ќе го носи дресот со број 13.



