Езџан Алиоски дефинитивно е топ тема во Англија. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч во ремито без голови против Арсенал. Гостите мечот го завршија со играч помалку откако директен црвен картон доби Николас Пепе.
Напаѓачот на Арсенал, без топка со глава го удри Алиоски, а нашиот репрезентативец падна како покосен на тревата. удијата побара помош од ВАР технологијата, а по прегледување на снимката, на Пепе му даде директен црвен картон. Токму оваа ситуација ја коментираше легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра.
,,Арсенал сакаше да победи, но нивните планови се сменија по црвениот картон. Алиоски заслужи да добие Оскар. Ве молам, видете како падна, мислиш како да му го скрши носот. Сепак, тоа беше глупава реакција на Пепе. Не треба сега да плаче зошто нема да игра на следниот меч“, рече Патрис Евра.



