Данил Медведев е победник на годинешниот завршен Мастерс во Лондон, откако во вечерашното финале го совлада Доминик Тим со 4-6, 7-6, 6-4.
За рускиот тенисер ова е најголем триумф во кариерата, за вкупно девета титула, а втора сезонава. Медведев воедно влезе во историјата како прв кому му успеало да слави на завршниот турнир, откако претходно бил подобар од најдобрите тројца носители – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Тим. Тој победи во сите пет меча на турнирот, а месецов има десет триумфи во низа.

Данил за победата во Лондон инкасира 1.500 рејтинг бодови и што е поважно – чек на 1,564 милиони долари.



