Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски беше во центарот на вниманието во дуелот меѓу Лидс и Арсенал. Со играч помалку, Арсенал немаше сили да стигне до посакуваните три бода на ова гостување.
По завршувањето на мечот, играчот на Арсенал Киран Тирни, влезе во конфликт со Алиоски, но тука беше Гранит Џака да ја смири ситуацијата. Иако е играч на Арсенал, Џака застана во одбрана на Алиоски, а Тирни мораа да го смируваат неколку други фудбалери на Топчиите.



