Во рамките на 9 коло од шпанската Примера во фудбал за жени тимот на Леванте запиша нова првенствена победа овој пат на гостински терен против Санта Тереса со резултат од 0:2.
Погодоците ги постигнаа Наваро во 34 минута и Мендез во 58 минута, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова го одигра второто полувреме за Леванте, односно кога во 52 минута влезе на местото на Ферез.



