Во текот на изминатата година, Барис Нур-Султан се покажа како незгоден противник во дуелите со Салават Јулаев Уфа, добивајќи ги последните две средби.
Сепак, денес, ,,Зелените” ја прекинаа оваа мини-серија, триумфирајќи со 4-1.
Барис поведе после осум минути игра преку Роман Старченко, а до крајот на првата третина, Теему Хартикаинен израмни за домаќините.
Во наредните две третини, хокеарите предводени од Томи Ламса, уште трипати ја затресоа мрежата на Јони Ортио, за конечните 4-1.
Стрелци за Салават беа Дмитриј Кугришев и Александер Кадејкин во втората, односно Михаил Воробјов во третата третина.
Одличен на голот на победничкиот состав беше Јуха Метсола со триесет и три одбрани (97,06%).
Вториот врзан триумф на ,,Зелените” ги остави на петтата позиција на Истокот, додека Барис падна на деветтото место со четвртиот пораз во низа.



