Во рамките на 15 коло, последно во првата полусезона во Прва ЖФЛ, во фер и коректен натпревар, ЖФК Шкупи ги нагости фудбалерките на ЖФК Тиверија и струмичанки остварија супер важна победа со резултат од 0:7.
Најзаслужни за триумфот се Николовска која успешно стрелаше во противничката мрежа во 5 минута веднаш на стартот, за потоа во 19 минута Ѓорѓиева да го дуплира водството, а Паневска во 25 минута и за недостижни 0:3 и со овој резултат се замина на полувреме.
Јосифова во 57 минута зголеми на 0:4 и три минута подоцна во 60 минута Паневска и за 0:5. Последните два гола за вкупен триумф од 0:7 ги постигнаа Ѓорѓиева во 70 минута и Недева во 82 минута.



