Во рамките на 15 коло, претпоследно од првата полусезона во Прва ЖФЛ, во фер и коректен натпревар во Прилеп, екипата на ЖФК Деспина дојде до неочекувано тешка победа од 2:0 на полувреме беше само 0:0 против ЖФК Речица.
Стрелци за победата и новите три бода беа Анастасиа Илиевска и Ангела Стојковска кои што го скршија отпорот на упорните гостински фудбалерки. ЖФК Речица се покажа како организирана екипа и има тим на секого да го изненади во првенството. Сега следи пауза во шампионатот и клубовите ќе се подготвуваат за втората натпреварувачка сезона во Прва ЖФЛ.



