Во рамките на 14 коло, претпоследно во првата полусезона од Прва ЖФЛ, во Радовиш се одигра дербито на дното. Тимот на ЖФК Атлетико дојде до гостинска победа од 1:2 против ЖФК Плачковица.
Минимална но сосема заслужена победа со дисциплинирана игра, со неколку добри потези и поголема желба да се дојде до трите бода. Повторно во главна улога беше Јована Павловска која што беше стрелец на двата гола.



