Еден од двата одиграни денешни дуели во КХЛ го сочинуваа СКА Ст. Петербург и Трактор Чељабинск.
Двете екипи се соочија за првпат после 5 октомври 2019, кога Трактор славеше со 1-2.
Сличен епилог имаше и денешната средба што заврши со триумф од 0-1 на гостите од Чељабинск. И при двата наведени натпревари, мрежата на СКА ја затресе Чехот Томаш Хика.
За домаќините, овој пораз значеше прекин на серијата од четири врзани триумфи, додека Трактор ја запиша петтата последователна победа што го однесе на првата позиција на Истокот. Од друга страна, без оглед на денешниот меч, СКА останува на второто место на Западот, со осум бодови заостаток во однос на ЦСКА.