Во рамките на 14 коло, претпоследно во првата полусезона од Прва ЖФЛ, во фер и коректен натпревар, втор триумф во Прва ЖФЛ за ЖФК Борец од Велес, овој пат на гостински терен над екипата на ЖФК Кочани со резултат од 0:8.
Домашниот тим е убедливо последен на табелата и на тој начин велешкиот тим се обиде да набилда што поубедлива победа за поголема самодоверба на преостанатите натпревари во првенството.



