Во рамките на 14 коло, претпоследно од првата полусезона во Прва ЖФЛ, во фер и коректен натпревар, екипата на ЖФК Скопје дојде до значаен триумф над ЖФК Шкендија од Тетово со резултат од 6:0.
За домашната екипа расположени за игра и за постигнување на голови беа Теа Божиновска и Александра Марковска кои што беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Драгана Гегова и Стефанија Ристова.



