На петтото издание на снукер турнирот ,,Нортерн Иреланд Опен”, бранителот на титулата, Џад Трамп, лесно избори пласман во третата рунда.
Во првата, го порази Џерард Грин со 4-1, а денес го декласира Гао Јанг со 4-0.
При денешниот триумф, Трамп го оствари својот петти максимален брејк од 147 поени во кариерата, за водство од 3-0.
Англичанецот, исто така, додаде и два брејкови од 127 и од 109 поени.
Моментално, Трамп има 26 брејкови од над сто поени во сезоната и вкупно 743 во кариерата.
Во третата рунда, односно во 16-финалето, актуелниот играч број еден ќе ги одмери силите со Лука Бресел.



